Wednesday, June 23, 2021
HomeМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Заеви

Драги Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Зоран и Вице Заев, за сите бизниси и се што знае за работењето на браќата Заеви.

Откако се раширија гласините Заев панично по медиуми почна да кружи со приказната дека Рашковски работел законски, и дека не верува дека сторил криминал. Заев со таквите изјави од позиции на прв во владата изврши притисок врз судството и обвинителството и му даде сигнал што да прави.

Заев се дрзна да влијае на постапка затоа што знае дека Рашковски е негов директно потчинет во владата. Се што знае Заев во голема мерка знае и Рашковски.

Дека Рашковски е свесен за калта во која заглавил доказ е и префрлањето на имотот врз своите малолетни деца. Што и од кого крие со тоа? Дали со тргањето имот од себе сокрива некаква трага?

Судството и ЈО не смее да подлегнува под притисокот на Заев. Рашковски не смее да има можност за влијание врз постапката.

4 години видовме како Заев го контролира судството и обвинителството. 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img