Wednesday, June 23, 2021
HomeСпортПрвиот човек на Интер најавува заминувања: Потребен ни е висок приход до...

Првиот човек на Интер најавува заминувања: Потребен ни е висок приход до крајот на летото

Изненадното заминување на Антонио Конте повторно во прв план ја лансираше финансиската состојба на Интер која одамна не е добро, а би можела да биде и уште полоша. Не само што доцнеа платите, извештаите на реномираните и пред се релевантни магазини и медиуми подлабоко се посветија на темата за долговите на Интер, па и случувањата во конгломератот „Сунинг“ во кинескиот клуб Џангсу под сопственост на истото семејство кое во меѓувреме е згаснат поради големите долгови и неможноста за понатамошно финансирање. Добар дел се е условено од пандемиската состојба во светот, која на многумина им ги поремети не само плановите, туку и начинот на функционирање.

Иако раководството на Интер успеа во меѓувреме да го згасне пожарот со заостанатите плати, Конте прв си замина, што потенцијално би можело да значи ланчана реакција. Истата ја најави првиот човек на „Нероазурите“ Стивен Жанг. Реалноста е таква што Интер дефинитивно не може да го задржи шампионскиот тим, а прашањето не е дали, туку кој ќе си замине од „Џузепе Меаца“.

Жанг отворено порача дека на Интер му е потребно да ги консолидира финансиите, што во најголем дел би требало да дојде токму преку продажба на играчите. Лукаку практично потврди дека останува бидејќи веќе разговарал со Симоне Инзаги и сака да се обиде да ја одбрани титулата, но практично сите останати се на продажба. Најголемиот фокус е на Лаутаро Мартинез кој се уште нема потпишано нов договор, како и Ашраф Хакими, за кого Интер не ги плаќаше навремено ратите за трансферот од Реал Мадрид.

„Потребен ни е силен финансиски приход до крајот на летото, но исто така сакаме да го задржиме натпреварувачкиот состав со цел добро да се покажеме во Лигата на шампионите. Секако, сакаме повторно да ја освоиме титулата, бидејќи целта е трајно да бидеме во самиот врв на европскиот фудбал“.

Со оглед на она што неминовно се подготвува, но и силната конкуренција, Жанг е свесен колку ќе биде тешко да се одбрани титулата.

„Шест од седум клубови во текот на сезоната во Италија сонуваат да го освојат скудетото, но реалноста е поинаква. Затоа ние сега уживаме во она што го направивме, ќе видиме што ќе биде во иднина“.

Антонио Конте го видел како идеален човек за проектот на Интер, но таа приказна сега е пропадната…

„Од првиот момент кога го презедовме Интер сметавме дека Конте е идеален човек за нашиот проект. Две години откако прв пат стапивме во контакт успеавме да го доведеме. Бев убеден отсекогаш дека Конте е победнички тренер. Поради тоа инвестиравме многу во него во последните две години“.

Сега на местото на Конте е Симоне Инзаги кој пристигна по една вистинска тренерска вртелешка во Серија А.

„Во текот на годините покажа дека е тренер вреден за почит. Стекна искуство, има квалитет кој ни е потребен да останеме компетентни, а тоа е она што ни е потребно. Затоа ќе вложиме се што е потребно за Интер да остане солиден клуб. Симоне го познава нашиот проект, подготвен е за предизвикот и среќен е што ќе може да работи тука“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img