Wednesday, June 23, 2021
HomeПопуларноМалезија ги тужи Дојче банка, ЈП Морган и Котус за три милијарди...

Малезија ги тужи Дојче банка, ЈП Морган и Котус за три милијарди американски долари

1Malaysia Development Berhad (1МДБ), фондот за национален развој во Малезија, се најде во центарот на светскиот интерес во 2015 година, бидејќи преку него, тогашниот премиер, Наџиб Разак, плати дури 700 милиони долари на неговата приватна банка сметка. Последиците беа дека имаше сериозни политички пресврти во азиската земја, а Разак беше сменет од функцијата прв министер.

Фондот ги прекина своите активности, Разак заврши во затвор, а Министерството за правда на САД по скоро две години истрага утврди дека повеќе од 4,5 милијарди долари биле „исперени“ преку 1МДБ.

Сепак сега, правното лице кое стои зад фондот за банкрот, а всушност и државата Малезија, покренува тужба против три инвестициски единици на познати меѓународни банки, кои биле вклучени во деловни односи со 1МДБ. Според Ројтерс, малезиската филијала на Дојче банк е тужена за 1,11 милијарди долари, а швајцарските филијали на ЈПМорган за 800 милиони долари, и Коутс за 1,03 милијарди долари.

Во тужбата се наведува дека е поднесена поради „небрежност, проневера и непочитување на одредбите од потпишаниот договор, свесна намера да се предизвика штета и несоодветна поддршка“.

Оваа тужба е најголема по вредност, но е само една од вкупно 22-те поднесени од малезиските власти против финансиски институции, но и физички лица, кои биле вклучени во операции за перење пари во 1МДБ. Според малезиските медиуми, вкупната вредност на сите тужби е дури 23 милијарди долари преку разни форми на покриен имот.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img