Wednesday, June 23, 2021
HomeТехнологијаЏеф Безос и неговиот брат летаат во вселената на 20 јули

Џеф Безос и неговиот брат летаат во вселената на 20 јули

Основачот на Амазон, Џеф Безос,  со неговиот брат ќе лета во вселената следниот месец, во првиот лет во вселената на неговата ракетна компанија Blue Origin, објави милијардерот.

„Уште кога имав пет години, сонував патување во вселената и на 20 јули ќе одам на тоа патување со мојот брат“, објави Безос на Инстаграм.

Blue Origin го затвори првиот круг на апликации минатиот месец и доби повеќе од 5.200 понуди од 136 земји, соопшти компанијата, но не објави повеќе детали.

Во моментов, најголемата понуда во вториот круг на регистрации на летови е 2,8 милиони долари, според веб-страницата на компанијата. Процесот ќе трае до 10 јуни.

Компанијата планира да го изврши својот прв орбитален лет со својот вселенски брод на 20 јули, што ќе биде пресвртница во конкуренцијата за реализирањето на  првото приватно комерцијално патување во вселената.

Ројтерс во 2018 година објави дека Blue Origin планира да им наплати на патниците најмалку 200 000 долари за ова патување, засновано врз плановите на ривалот на Безос, милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на Вирџин Галактик.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img