Wednesday, June 23, 2021
HomeПопуларноБелата куќа: Бајден и Ердоган на широко ќе разговараат за билатералните односи

Белата куќа: Бајден и Ердоган на широко ќе разговараат за билатералните односи

Американскиот претседател Џо Бајден, на својата планирана средба со турскиот претседател Таип Ердоган следната недела ќе има широка дискусија, вклучително и источен Медитеран, Сирија, Авганистан, како и за тоа како да се справат со некои разлики што ги имаат Вашингтон и Анкара, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Тој додаде дека и Бајден и Ердоган, кои се познаваат многу години наназад, со нетрпение очекуваат да имаат „деловна“ можност за широк преглед на билатералните врски.

Саливан додаде дека Бајден го покани својот украински колега Володимир Зеленски да ја посети Белата куќа. Саливан ова го рече неколку дена пред закажаната средба на Бајден со рускиот претседател Владимир Путин. Првата средба Бајден ќе ја има со Путин на 16 јуни во Женева.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img