Wednesday, June 23, 2021
HomeСпортАнгличаните нè нотираа: Македонците ќе изгледаа како Португалија, па ФФМ мораше да...

Англичаните нè нотираа: Македонците ќе изгледаа како Португалија, па ФФМ мораше да се извинува!

Приказната со неуспешната гарнитура дресови која требаше да биде промовирана, но не помина кај јавноста во Македонија, беше нешто кое го запазија дури и островските медиуми.

Тие сега пишуваат за тоа како претседателот на државата, Стево Пендаровски, му подари на Папата Франциск од новата гарнитура на дресови, кои според медиумите во Англија, наликувале на португалските дресови, па по големата и негативна реакција и кампања од фановите, тоа беше повлечено.

Очигледно дека Македонија е се по видлива на европската фудбалска мапа, бидејки медиумите во Англија добро следеле што се случува по македонските електронски медиуми.

„Македонија која годинава го има своето деби на ЕП и која е снабдувана од германската компанија ЈАКО со дресови, имаше негативни реакции од навивачите поради бојата на новиот дрес, бидејки тие ги имаат како доминантни бои црвената и жолтата, како нивното знаме, а нивниот нов дрес како да наликуваше на некој од Португалија“, отприлика ваков е ставот на островските медиуми.

Но Македонија отпатува со црвените дресови, што секако беше пречекано со овации кај навивачите по ретерирањето на ФФМ и нивното извинување.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img