Wednesday, June 23, 2021
HomeБалканЏо Бајден им објави војна на сите кои му се закануваат на...

Џо Бајден им објави војна на сите кои му се закануваат на мирот на Балканот

Претседателот на САД, Џозеф Бајден согласно неговите овластувања издаде наредба со која се блокираат сите имоти кои се во владение или контрола на кое било лице од Соединетите држави одговорно или соучесник, директно или индиректно вклучено во активности или политики што го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан. се вели во текстот од наредбата на американскиот претседател. Наредбата важи за оние кои америкнските власти сметаат дека ги поткопуваат демократските процеси или институции на Западен Балкан. Наредбата се однесува како што стои во текстот за лица кои што го попречуват или загрозуваат спроведувањето, каква било регионална безбедност, мир, соработка или договор или рамка за меѓусебно признавање или механизам за отчетност поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи го и Договорот од Преспа од 2018 година; Охридскиот рамковен договор од 2001 година; Резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации 1244; Дејтонскиот договор; или Заклучоците на Конференцискиот совет за спроведување на мирот одржан во Лондон во декември 1995 година и сите други механизми кои произлегоа од овие договори.

Наредбата на Бајден е насочена и кон сите оние вклучени на било кој начин во коруптивни активности во регионот вклучително и корупција од страна на, во име на, или на друг начин поврзана со влада на Западен Балкан, или сегашен или поранешен владин службеник на кое било ниво на власт во Западен Балкан, како што се злоупотреба на јавни средства, експропријација на приватни средства за лична корист или политички цели или мито, се вели во наредбата на претседателот Бајден.

Наредата која е потпишана лично од претседателот на САД е јасна порака за заложбите на оваа админстрација во Вашингтон да ги порази сите структири во регионот кои и понатаму активно работат на планот на неговата стабилизација и неговото интегрирање во евроатлантсто семејство.

Пораката ја пренесуваме на македонски јазик и кирилично писмо со цел да овозможиме да биде прочитана, особено од засегнатите или оние кои на било кој начин планирале да бидат дел од стуркурите дефинирани во оваа наредба.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img