Wednesday, June 23, 2021
HomeМакедонијаБогданоска - Трифуновска: Почитувани Македонци, почитувани родољуби!

Богданоска – Трифуновска: Почитувани Македонци, почитувани родољуби!

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија веќе подолго време, поточно од денот на објавувањето на новата концепција за основното образование од страна на министерката за образование и наука Мила Царовска, ревносно реагира и постојано укажува на последиците со кои сите ние заедно ќе се соочиме, не само како родители, но и како Македонци, со нејзиното усвојување и  спроведување.

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија уште од првиот ден од објавувањето на новата концепција предупреди на огромниот уништувачки потенцијал кој оваа концепција го има врз нашето општество и држава, но и врз нашите вредности како Македонци по род, вредности кои со векови сме ги негувале и благодарение на нив со векови сме опстоиле и сме се избориле за остварување на нашето исконско право на држава со сите нејзини атрибути и постојано упатува апели за семакедонско обединување во одбраната на овие вредности, пред да биде премногу доцна, односно пред оваа концепција да се спроведе и да направи непоправливи штети по нашите деца. 

ИНТЕГРА –  Македонска конзервативна партија уште од првиот ден од објавувањето на новата концепција за основно образование, јавно и недвосмислено ги предочува последиците од неа, особено со укинување на наставниот предмет историја и воведувањето на предметот историја и општество и постојано укажува дека истото се прави како последица на веќе претходно потпишаните договори: Спогодбата со Грција и Договорот со Бугарија. 

Ние од ИНТЕГРА веќе половина година укажуваме дека со новата концепција оваа квислиншка влада на СДС не прави никакви дополнителни отстапки, ами само го испорачува она за што веќе се обврза со гореспоменатите договори. Веќе половина година предупредуваме и упатуваме апели за семакедонско обединување како предуслов во борбата за поништување на овие два договори погубни за македонскиот народ и неговата држава Република Македонија! 

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија уште од првиот ден од објавувањето на новата концепција за основно образование, јавно и недвосмислено ги предочува последиците од неа и во однос на воведувањето на сексуалното образование, кое вешто затскриено и замаскирано зад родовата еднаквост  ќе им нанесе непоправливи последици врз психичкиот развој на нашите деца и од најмала возраст, ќе им внесе забуна во однос на нивниот биолошки пол и од нив ќе направи личности кои никогаш нема да се начисто дали се машки или женски, или се можеби нешто трето… 

Точно ги предочивме и документите и организациите и стратегиите, но и искуствата на милиони родители ширум светот каде сеопфатното сексуално образование затскриено зад родовата еднаквост неповратно им ги има психички осакатено нивните деца. 

Но, исто така посочивме и успешни приказни преку примери на држави каде родителите навремено станале свесни за опасностите, организирано се спротиставиле и успеале да си ги заштититат своите деца преку увид во наставните содржини и правото да ги одобрат наставните содржини кои нивните деца ќе ги изучуваат во училиште. 

Горди сме што од ден на ден не има се повеќе, бидејќи само заедно и здружени, преку организирно дејствување ние родителите ќе можеме да си ги заштитиме нашите деца и да си го зачуваме нашето неотуѓиво и меѓународно гарантирано право на дозвола што ќе изучуваат нашите деца во училиште. 

Само преку целосен увид и контрола во наставните содржини од родовата еднаквост и со враќање на наставниот предмет историја ние родителите ќе им обезбедиме на нашите деца правилен развој како личности, но и како Македонци. 

Мои браќа Македонци, мои сестри Македонки, бидете горди на вашиот род и заедно да се избориме за наше право да си ги воспитуваме и образуваме нашите деца како Македонци во духот на нашите македонски традиции и нашите македонски вредности, затоа што тоа е аманетот од нашите претци, затоа што само така ќе си го продолжиме родот, само така ќе опстоиме! 

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија е свесна за лудите и погубни политики на владата на СДС и постојано предупредува на ароганцијата, ексклузивноста и елитизмот од кои се раководат членовите на владата на СДС при носењето на нивните одлуки, вклучително и на министерката Мила Царовска. 

Иако сме сведоци на политиките на многу држави во изнаоѓањето на начини да им го ограничат времето на учениците поминато пред копјутер, таблет или паметен телефон, а со цел да го заштитат нивниот психофизички развој, ние диживуваме нова непромислена и избрзана, елитистичка и самобендисана одлука на Мила Царовска за електронски учебници.

 Новата концепција како да не беше доволно зло сама по себе, дочекавме како родители, МОН на чело со Мила Царовска, наместо да се грижи за психо-физичкиот развој на нашите деца  ученици, изнаоѓа нови начини во нанесувањето штета на истиот. 

И покрај предупредувањата на огромниот број родители, но и психолози и наставници по физичко и здравствено образование, за штетните кои ќе бидат предизвикани врз психофизичкиот развој на учениците од прекумерното време поминато пред екран, МОН на чело со Мила Царовска, исто како и со концепцијата, се спремни да си го истераат и ова до крај, затоа што се сигурни во нашата кроткост и онаа народната дека на крај ќе си “легнеме на брашното” откако ќе не “убедат” дека сме биле во заблуда, а тие биле во право. 

И, исто како што за сеопфатното сексуалното образование се затскриваат зад родовата еднаквост, исто како што за Историјата се затскриваат зад европсите искуства, така и сега се затскриваат зад некакви си стратегии и документи и немаат намера да се откажат. Законот е веќе во собраниска процедура!

А учениците? Тие ќе си останат збунети за својот пол, ќе развиваат „северномакедонски“ идентитет и во меѓувреме од прекумерното време пред екран ќе си накалемат секакви заболувања на рбетот, зглобовите, дебелото црево, очи…

Колку за потсетување, ИНТЕГРА – Македонска кконзервативна партија предупреди на кобните последици по нас Македонците по род од потпишувањето на Спогодбата со Грција и Договорот со Бугарија. Предупредивме дека со Спогодбата се укинува постоењето на Република Македонија која граѓаните на референдумот во 1991 г. одлучија да ја конституираат како круна на национално освестување на македонскиот народ од пред повеќе од век и половина и неговата борба и неброени жртви за сопствена држава – нација. Предупредивме дека со Спогодбата се укинува постоењето на Република Македонија втемелено врз вековните традиции и стремежот на Македонскиот народ за сопствена држава изразени преку многубројните востанија, Народно ослободителната борба и одлуките на АСНОМ за формирање на македонска држава со македонски јазик како службен јазик. 

Предупредивме дека на противуставен и криминален начин, по пат на уцени, закани и поткуп, со одлука на само 81 пратеник, ѝ покрај безуспешниот референдум во 2018 г. и спротивно на успешниот референдум во 1991 г, се создава нова творба – Северна Македонија. 

Предупредивме дека со Спогодбата не само што се менува името на државата туку дека се менува и националниот идентитет и државјанстовото од македонско станува „граѓанин на Република Северна Македонија“ со што се брише националниот идентитет – државноста на Македонскиот народ и се воведува нов „северномакедонски“ национален идентитет. Предупредивме дека со Спогодбата со Грција наместо еден и единствен етнички идентитет на Македонвите се воведуваат два нови етнички идентитети или два вида на Македонци: едните кои се раѓале и живееле во Егејскиот дел на Македонија како дел од грчката историја, култура и наследство и тоа од антиката до ден денешен, со што се оправда вековното тврдење на Грција дека Македонците во Грција се Грци кои биле „словенизирани“ и кои треба по секоја цена (асимилација, прогони и убивања) да се „хеленизираат“ и другите – ние кои сме се раѓале и живееле на територијата на Северна Македонија со етнички идентитет целосно различен од идентитетот на првите. Предупредивме дека со ова се отвара Пандорината кутија и т.н. „Македонско прашање“ повторно се актуелизира, односно Македонија и Македонците се ставаат на маса за нивни понатамошни поделби и присвојувања, нешто на што сме сведоци од првиот ден од потпишувањето на Спогодбата.

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија е политичка партија која е формирана и која од своето формирање па до денес во своите редови обединува Македонци од сите професии кои се свесни за погубноста на овие два договори и кои се свесни дека излезот од овај кошмар кој веќе 4 години го живееме е само преку поништувањето на овие два договори! 

Нашиот број постојано и од ден во ден се повеќе и повеќе се наголемува, бидејќи и покрај огромните притисоци, уцени и закани од СДС и ДПНЕ, од ден во ден се повеќе Македонци сфаќаат дека само преку поништување на овие два погубни договори ќе ја затвориме Пандорината кутија и еднаш засекогаш ќе се ослободиме од апетитите на нашите соседи кон нашето име, нашиот јазик, нашата историја, нашето наследство. Од ден во ден не има повеќе и повеќе во битката за враќање на нашето достоинството како народ. 

Ве повикуваме и вас, кои повеќе не верувате во лагите на СДС и ДПНЕ да ни се придружите во нашата битка и заедно да го направиме македонскиот народ достоен дел од семејството од народи на оваа наша планета Земја.

 Заедно да се избориме Македонскиот народ да го завземе неговото место во светската цивилизација како на народ кој ги изнедрил големите: Александар III Македонски, Светите Солунски браќа Кирил и Методиј, нивните ученици Светите Климент, Наум и Еразмус, Македонскот цар Самоил, Карпош, Гоце Делчев, Кузман Јосифоски-Питу, Блаже Конески и многу други. 

Заедно да се избориме за целосно остварување на нашиот национален и етнички интерес во сопствената држава Македонија, затоа што само така ќе можеме да опстоиме и да придонесеме во развојот на регионот, Европа и светот! 

Доста веднеме глава и викаме ‘рбет! Доста со отстапки! Време е нашата држава Македонија од рацете на криминалците и предавниците да си ја вратиме во наши раце, затоа што ние ја имаме само оваа држава како аманет од нашите предци! Заедно да ја одбраниме и да им ја оставиме во наследство на нашите деца! Да не дозволиме да ги изгубиме и децата и државата затоа што ќе не збришат како никогаш да не сме постоеле!

Со почит,

Емилија Богданоска – Трифуновска, 

член на претседателство на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија,

 ресор образование. 

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img