Wednesday, June 23, 2021
HomeСпортЛоша вест за „Нероазурите“, Лаутаро одби да потпише нов договор со Интер

Лоша вест за „Нероазурите“, Лаутаро одби да потпише нов договор со Интер

Финансиската криза зема замав на „Џузепе Меаца“. Поради истата Антони Конте го напушти Интер, а за да се спаси, клубот од Милано ќе мора да ги продаде своите највредни фудбалери. Трката за Ашраф Хакими веќе започна, а еден од оние кои би можеле да донесат голем приход за „Нероазурите“ е и Лаутаро Мартинез. И иако во Интер не сакаат да го продадат аргентинскиот напаѓач, ќе мораат ова лето да размислат за таа опција, бидејќи вториот најефикасен стрелец на тимот во оваа сезона зесега не планира да го продолжи договорот со шампионот на Италија.

Како што откри неговиот агент Алехандро Камано за каталонски „Спорт“, Лаутаро веќе ја одбил понудата на Интер за продолжување на соработката, која според актуелниот договор трае до 2023 година.

„Ни понудија нов договор, но ние им рековме дека сме среќни и со сегашниот. Секој има своја цена, и иако во Интер не зборуваат за продажба, ќе видиме како ќе се развива ситуацијата во клубот“, изјави Камано за „Спорт“.

Лаутаро претходната година беше многу блиску до Барселона, но трансферот се закомплицира и Аргентинецот остана во Интер. Ова лето се очекува нов атак на каталонскиот клуб, меѓутоа, според зборовите на Камано, Барса не презела никакви чекори.

„Никој од Барселона не не контактирал. Имам добар однос со Матеу Алемани, но нема ништо, па и не размислуваме за тоа во моментов“.

Сепак, кога би се јавиле од „Камп Ноу“, Лаутаро не би имал ништо против преселба во Каталонија.

„Растоварени сме, прво ќе мораме да ја решиме ситуацијата во Интер, но секој би го сакал тоа. Кој не би сакал да игра за Барселона? Станува збор за еден од најголемите клубови на светот. Лаутаро е подготвен за секој предизвик и одговорност“, истакнува Камано.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img