Wednesday, June 23, 2021
HomeПопуларноНа мажот кој му удри шамар на Макрон ќе му се суди...

На мажот кој му удри шамар на Макрон ќе му се суди по брза постапка

Mладиот маж кој му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон за време на средбата со граѓани, утре ќе биде изведен пред суд, објави телевизискиот канал БФМ.

Според телевизискиот канал, обвинителството утре изутрина ќе поднесе обвинение против напаѓачот. Уште истиот ден би можело да биде донесена одлука за забрзана процедура, што често се користи во францускиот судски систем, кога елементите на кривичното дело се очевидни и не е потребна детална истрага.

За време на посетата на департманот Дром во југоисточниот дел на земјата, Макрон се сврте кон група локални жители за да ги поздрави. Еден од нив му довикнал на претседателот и неочекувано силно го удрил со рака по лицето. Обезбедувањето веднаш го повлече Макрон на безбедно растојание и ги приведоа напаѓачот и неговиот соучесник. Тие се наоѓаат во притвор.

Познато е дека напаѓачот бил 28-годишен раководител на Клубот на колекционери на историско оружје. Заедно со него е приведено и друго лице. Како што информира БФМ, напаѓачот може да биде обвинет за „напад врз државен службеник без сериозни последици за жртвата“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img