Wednesday, June 23, 2021
HomeМакедонијаЗаев: Бајден прати порака до негаторите, мрчаторите, блокаторите…

Заев: Бајден прати порака до негаторите, мрчаторите, блокаторите…

Премиерот Зоран Заев е среќен, како што оцени, што САД како најголем стратешки партнер на  Македонија исорати порака  за еден куп „негатори, мрчатори, поткопувачи, блокатори“ и слично дека ова е пресериозна работа за да може некој да си прави политиканство на нездрави основи.

Премиерот додаде дека ова значи ветер во грб за сите што веруваат во демократијата, во слободите и во отклонувањето на девијантните појави во општеството.

„САД, најсовршената демократија, така да ја кажам, ја испраќа оваа чиста порака за нас и тоа е сериозна порака на охрабрување. Така што и покрај охрабрување и дополнителна мотивација дека сме на вистинскиот пат, дека тоа е патот по којшто целиот демократски свет очекува да се развива иднината на сите земји па така и за нашата демократска земја, нашата република“, потенцираше Заев.

Претходно на Фејсбук тој напиша дека Договорот од Преспа го сменил лицето на Балканот, како динамичен регион кој низ историјата знаел да гради и ѕидови помеѓу народите, напиша премиерот на својот фејсбук-профил. Тој потенцираше дека со пресвртот на водењето на Македонија започна ново поглавје, со кое на Европа и светот им дадовме еден поинаков Балкан, Балкан кој гради мостови.
„Договорот од Преспа значи почеток на ново поглавје со кој на светот му покажавме еден поинаков Балкан. Јасната политичка визија е можна кога за тоа има силна волја и сигурен поглед кон иднината. #PrespaForumDialogue кој ќе се одржи на 1 и 2 јули во Македонија е уште еден чекор за што повеќе изградени балкански мостови“, напиша Заев.
- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img