Friday, September 17, 2021
HomeМакедонијаОхридските акцијаши се „подмладија” со 75-годишниот Јошка Броз, внук на Тито

Охридските акцијаши се „подмладија” со 75-годишниот Јошка Броз, внук на Тито

„Само заедно можеме да направиме нешто повеќе и додека сме на таа линија, сите поранешни југословенски републики ќе одат напред“, рече Јошка Броз, на импозантниот собир на младите акцијаши од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид.

„Таму каде што е младоста, таму се и резултатите и успесите. Или, како што велеше мојот дедо: Земја со активна младина, не треба да се плаши за својата иднина“.

Со овие зборови, синоќа, на импозантниот собир на младите акцијаши од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, им се обрати тазе примениот член во нивните редови, 75-годишниот Јошка – Јосип  Броз.

Јошка е внук на Јосип Броз Тито, легендарниот воин и антифашист од Втората светска војна, градителот и доживотен претседател на југословенската федерација. Јошка е е син на Жарко, од првиот брак на Тито со  Русинката Пелагија Бјелосова, која родила три деца – Хинка, Златица и Жарко, кој единствено преживеал.

Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид синоќа се всели во пространа просторија во новоизградениот комплекс Градски пазар, прославувајќи, истовремено,  9 години од формирањето на оваа исклучително активна организација, која со децении наназад остава длабок печат и белег во живеењето во Охрид, но и пошироко.

Гостин на свеченоста беше и „маршалот” Војче Китаноски, пријател и следбеник на охридските акцијаши. Тој, облечен во маршалска униформа и со „очилата на Тито”, е лика и прилика на вистинскиот маршал Тито.

Целиот текст прочитајте то ТУКА.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img