Wednesday, September 29, 2021
HomeСпорт(ВИДЕО) Спектакл во Амстердам: Пет гола, драматична победа на Холандија

(ВИДЕО) Спектакл во Амстердам: Пет гола, драматична победа на Холандија

Репрезентацијата на Холандија триумфираше со 3-2 во најдраматичниот натпревар во досегашниот дел од Европското првенство.

Во дуелот против Украина кој е од нашата група на континенталниот шампионат, немаше голови по 45 минути игра, а потоа се случи вистински огномет. Во 52. и 59. минута, преку Вајналдум и Вегхорст, домаќинот поведе со 2-0 и се чинеше дека без проблеми ќе дојде до победата.

Сепак, Украинците вратија за пократок период, за само четири минути преку Јармоленко кој постигна прекрасен гол и Јаремчук. Голот за победа на Холандија го постигна Дамфрис во 85. минута.

Во второто коло од првенството, Украина игра против Македонија, а Холандија против Австрија, двата меча се на програмата на 17 јуни.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img