Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Шилегов троши 500 евра за клупи од тропско дрво

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов троши 500 евра за клупи од тропско дрво

Шилегов една клупа ја плаќа трипати поскапо. Секаде понудите се плаќаш едно, а добиваш две или три, само кај Шилегов плаќаш три, а добиваш едно, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Петре Шилегов троши 500 евра за клупи од тропско дрво со седум даски, додека во продавница или на интернет сајтови клупи се продаваат за 150 евра, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„За Шилегов сè е решено и Скопје нема никаков друг приоритет, па реши дека и 500 евра за клупа, односно 350 евра повеќе од вообичаеното не е многу. Шилегов една клупа ја плаќа трипати поскапо. Секаде понудите се плаќаш едно, а добиваш две или три, само кај Шилегов плаќаш три, а добиваш едно. Така е кога Шилегов располага со парите на скопјани, тие за него немаат тежина и обврска па се расфрла. Скопје 4 години стагнира, нема капитални инвестиции, нема нови зелени површини, нема проекти кои ќе го подобрат животот на луѓето, но затоа има клупи од 500 евра. Шилегов е најлошиот градоначалник, тој е пример како расипнички да се потроши буџетот, а да не се направи ништо. Четири години со Шилегов и Заев, четири години украден живот. Доста е!“, соопшти опозициската партија.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img