Saturday, July 31, 2021
HomeСпортОфицијално: Серхио Рамос ја заврши својата епизода во Реал Мадрид!

Официјално: Серхио Рамос ја заврши својата епизода во Реал Мадрид!

Серхио Рамос повеќе не е играч на Реал Мадрид. Ова и официјално го објави „Кралскиот клуб“, а утре од 12:30 часот ќе биде одржана прес-конференција. На искусниот дефанзивец му останаа две недели до официјалниот истек на актуелниот договор, но дефинитивната одлука е веќе донесена – разделба по цели 16 сезони на „Сантијаго Бернабеу“.

Причините за разделбата се јасни. Реал Мадрид на својот капитен му нудеше само една година соработка, со намалување на платата од 10 проценти, додека Рамос бараше договорот да биде потпишан на најмалку две години. Сепак, во Мадрид тоа не сакаа да го прифатат.

Утрешната прес-конференција ќе се одржи во тренинг центарот Валдебебас, а од Реал порачаа дека на истата ќе присуствува и претседателот на клубот Флорентино Перез.

Серхио Рамос на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна во 2005 година. За цели 16 години во мадридскиот клуб одигра 671 натпревар, постигна 101 гол, намести 40 и освои дури 22 трофеи. Четири пати беше европски шампион и исто толку пати ја освојуваше светската клупска титула. Тука се и петте шампионски титули во Шпанија, односно два трофеи во Кралскиот Куп.

Рамос во Реал дојде од Севиља за тогаш рекордни 27.000.000 евра за еден шпански дефанзивец. Она што не го искористи Реал Мадрид, ќе го искористи некој друг европски клуб. Рамос е мета на ПСЖ и Манчестер Сити, а во игра е и неговиот поранешен клуб Севиља, која му понуди петгодишен договор, плата од 7.000.000 евра и улога на функционер на крајот од кариерата.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img