Saturday, July 31, 2021
HomeМакедонијаМицкоски: Македонија за сите луѓе e новата политичка стратегија ВИДЕО

Мицкоски: Македонија за сите луѓе e новата политичка стратегија ВИДЕО

Тој најави обединување на опозицискиот блоки и тој процес којшто е веќе започнат го официјализира од денес и наскоро рече дека треба да се очекуваат конкретни резултати.

Македонија за сите луѓе е новата политичка стратегија на ВМРО-ДПМНЕ. Светоглед согласно со кој ние ќе дејствуваме. Платформата со којашто ќе допреме до секое срце на секој еден наш граѓанин. Силата која што ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои си ја сакаат Македонија и кои сакаат својата иднина да ја градат токму овде, во Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од прославата на 31-от роденден на партијата од Охрид, од каде ја претстави новата платформа.

– Време е да зборуваме за иднината, да му кажеме на народот што е нашата визија, мојот сон за нашата заедничка Македонија. Време е да се крене земјата од оваа национална и економска девастација. Време е да се победат неморалот, кичот и парадерството. Македонија не е создадена за касти, клики и слоеви. Македонија е на македонскиот народ и сите граѓани кои слободно живеат под ова небо. Затоа нашата борба од денес па натаму, се вика Македонија за сите луѓе – рече Мицкоски.

Тој додаде дека тоа значи и ново визуелно ребрендирање на партијата.

– Партиските бои сите добро знаете се црвена и црна. А државните бои црвена и жолта. Овие три бои се симбол на нашиот патриотизам и тие не’ обединуваат сите. Ова се јасните бои на Македонија и ВМРО, но и помеѓу постојат повеќе нијанси, коишто опфаќаат повеќе категории на луѓе. Сите овие категории имаат свои специфики, аспирации, желби, капацитети, потреби, светогледи и вредности кои нив ги дефинираат. Но, сите нив и покрај можеби разликите кои постојат, сите нив ги обединува големата љубов кон Македонија, нивниот патриотизам, посветеност и одговорност, нивната трудољубивост, чесност и идеали. И нивната бескомпромисност да се борат и да победат против мафијата на власт, за да ја турнат мафијата од власт, за да стане Македонија на нозе. Затоа трите бои на патриотизмот прераснуваат во осум кои исто така се патриотски, се со цел да претставиме дека помеѓу нас некогаш може да има разлики, но кога Македонија е во прашање, сите сме едно и сите сме на браникот – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски порача дека на роденденот на партијата објавува пресврт, ново доба во функционирањето на партијата чија основа е грижата за нашата земја, во секој поглед, национален и општествен, културен и економски.

– Јас верувам во принципи, вредности и многу работа. Нови позитивни ветришта доаѓаат, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предводи промените кои во Македонија ќе создадат она што сега насушно треба, а тоа е систем. Систем на вредности и заслуги, систем на педантност во работата, чесност и одговорност. Реализација на идејата и сонот за Македонија како силна и ефикасна држава која ќе одговори за потребите на своите граѓани – порача Мицкоски.

Според Мицкоски, Македонија не е создадена за касти, клики и слоеви. Македонија е на македонскиот народ и сите граѓани кои слободно живеат под ова небо.

– Целта е и да претставиме дека секој еден е важен, дека секој има свои вредности кои ние ги почитуваме, дека секој е значаен во оваа епска битка и дека сите треба да се здружиме, да ги збиеме редовите, да си подадеме рака, да се обединиме, затоа што имаме сериозен противник кој не бира средства, а кој работи спротивно на македонските интереси. Ние се обраќаме кон сите кои своите идеали ги наоѓаат во десниот политички спектар на Македонија и тоа од мекиот центар, до крајната десница. Кои доколку се здружат, ќе нема кој да ги победи. И ќе извојуваат победа за Македонија. Затоа драги пријатели, кажете им на тие кои се уште не чуле дека ВМРО-ДПМНЕ ги има боите на Македонија и дека не бега од своите корени, но и дека има јасен план за нашата заедничка македонска иднина. Нашите потреби се исти, но и нашите страдања заеднички. Луѓето од Гостивар и луѓето од Прилеп, исто како и во секое сокаче и град во нашата земја се во потрага по подобар живот кој не го наоѓаат тука. Нашите мајки подеднакво плачат кога своите чеда ги напуштаат родните огништа. Не постои поголема грижа за својата челат на еден родител споредено со друг.Нема една или друга, наша и нивна, туку само една Македонија, која отсекогаш била за сите луѓе – -порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави обединување на опозицискиот блоки и тој процес којшто е веќе започнат го официјализира од денес и наскоро рече дека треба да се очекуваат конкретни резултати.

–  Македонија е за сите луѓе, како што реков, за сите партии, групации и индивидуалци коишто си ја сакаат Македонија, и затоа оваа битка е наша заедничка битка, на сите нас кои сме против мафијата на власт предводена од Зоран Заев и СДСМ. Можеби помеѓу нас има разлики, но она што не обединува е многу поголемо. Македонија тоа го бара од нас, од сите нас. Ја знаете сите онаа важна животна лекција дека една по една прачките полесно се кршат, ама кога се заедно една до друга, здружени, обединети, нема сила којашто ќе може да ги скрши. Туку тие ќе го скршат криминалот и хибридниот режим кои ја притискаат Македонија. Ова е битката на нашите животи. Да ги развиориме боите на Македонија, да го отсонуваме заедничкиот сон. Како што фудбалерите нашите херои го остварија нашиот сон од младоста, овој пат сонот на нашите животи за успешна и интегрирана земја да го исполниме ние, започнувајќи од сега и од овде. Македонија за сите луѓе – рече Мицкоски.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img