Saturday, July 31, 2021
HomeСпортПАНДЕВ: Мора ли да примиме први гол, па да почнеме да играме...

ПАНДЕВ: Мора ли да примиме први гол, па да почнеме да играме добар фудбал

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, истакна дека посакувале бод, но на крајот не одработивме доволно за тој бод.

Македонската репрезентација беше блиску до втор погодок, со кој можевме да обезбедиме историски бод на ЕП и со кој ќе останевме уште во игра за осминафинале.

„Не се доволни 45 добри минути за да остварите победа. Кога ќе примите гол од контра на вакви натпревари, тоа не е дозволиво. По голот од корнер, натпреварот стана потежок за нас“.

„Жал ми е што вака го завршивме натпреварот, мислам дека можевме барем до бод. Кога примивме гол, се опуштивме и како да почнавме да играме. Секогаш треба да одиграме мирно, нема што да загубиме. Направивме нешто големо со пласманот на ЕП, сега требаше да излеземе на терен и да се забавуваме. Видовме дека публиката е со нас и не поддржува. Со Холандија треба да одиграме растоварено, да не мислиме дека ќе загубиме пред да почнеме“, порача капитенот Горан Пандев.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img