Saturday, July 31, 2021
HomeСпортЕУРО 2020: Шпанија и Полска одиграа нерешено 1-1

ЕУРО 2020: Шпанија и Полска одиграа нерешено 1-1

На стадионот Картаља во Севиља, Шпанија, репрезентациите на Шпанија и Полска одиграа ререшено 1-1.

Ленадовски тргна во спринт кон шпанскиот гол, со четворица шпанци зад него, но не успеа да стаса да шутира кон голот. Шпанците на почетокот одлични во одбраната. Алваро Мората го отвори резултатот со голот во 25-тата минута, иако во прв момент и самите шпанци не беа сигурни дека голот ќе биде поништен заради спорен офсајд. Но судијата, по прегледаните снимки досуди дека е чист гол. Свидерски имаше шанса за изедначување во 35-тата минута и потоа во 43-тата минута со асистенција до левандовски кога Симон успеа да го одбрани неговиот директен шут кон голот.

Втората шанса, шпанците не ја претворија во гол, кога Алба шутираше крај голот. Во второто полувреме, Полска конечно го изедначи резултатот во 54-тата минута преку Роберт Левандовски и тоа повторно во спорна ситуација, кога судијата Орсато виде дека има минимален допир на топката со рака, а потоа од ВАР собата оценија дека голот е важечки. Според проценката на линискиот судија, Мората бил во офсајд кога погодил, но повторената снимка, односно ВАР системот корегираше и покажа дека погодокот е регуларен.

Кратко траеше радоста на полјаците на израмнувањето, кога Орсато покажа на белата точка и повторно во спорен момент на недозволен контакт. Морено не успеа да да доведе Шпанија во водство кога од пеналот само ја погоди стативата. Поитоа шанси имаа и двата тима, но ниту една не беше реализирана во гол. Промашениот пенал како да ги демотивира шпанците за напад. Бескрајни долги додавања без ефект за двата тима. Потоа настана смешна ситуација пред голот на Полска, кога голманот одвај успеа да ја фати топката меѓу нозете на играчите кои буквално се сплеткаа околу голманот. Во последните напади пред кранјот, шпанците никако не успеваа да дојдат до голот.

На Полска и треба победа против Шведска во Сан Петерсбург во среда а пласман во осминафиналето, а Шпанија останува на домашен терен да ја пречека Словачка.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img