Ученикот бил пренесен во болницата во многу сериозна состојба. Покрај него, уште пет други деца биле примени во болница поради алкохолна интоксикација, објави порталот Индекс.хр.

Според директорот на болницата во Клаишева, момчето веќе е подобро.

“Вкупно беа примени шест деца со интоксикација со етил алкохол. Сите се добро, четири се отпуштени. Последните двајца пациенти се отпуштени попладнево”, изјави Горан Роиќ, директор на болницата за порталот ХРТ, додавајќи дека токсиколошките наоди на дрога кај малолетници биле негативни.