Saturday, July 31, 2021
HomeМакедонијаЗаев сè уште молчи за предлозите, во меѓувреме навреди и провокации од...

Заев сè уште молчи за предлозите, во меѓувреме навреди и провокации од одредени партии во Бугарија

Додека македонската јавност остана без објаснение што имаше во сината папка на премиерот Зоран Заев и какви предлози достави во Софија, од ВМРО-ДПМНЕ и денеска бараат да се обелодени што точно предложил како решение пред бугарската страна. Вчера од Владата беше испратено кратко соопштение во кое се отфрлија шпекулациите и тврдат дека наводните формулации за решенија се неточни. И покрај тоа од опозициската партијата бараа Заев јавно да се огради од тоа дека понудил решение кое подразбира дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти јазици.

„Доколку Заев директно не се огради од наводите, Заев молкум пред македонската јавност ја прифаќа негаторската теза дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти јазици, односно дека се` до кодификацијата на македонскиот јазик во 1945 година, македонскиот јазик бил форма или дијалект на бугарскиот јазик“, посочи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во истовреме, пак дел од бугарските партии, канонада од навреди и провокации. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој е од редовите на партијата на Каракачанов објави спот во кој вели дека Македонија е бугарска. Каракачанов пак, во тв емисијата Бугарија 24 на прашањето за кого навивал на Европското првенство вели дека за Македонија бидејќи, како што вели, е втора бугарска држава.

„Тоа е втората бугарска држава. Тоа што Заев и политичарите во Македонија не сакаат да ја знаат историската вистина, на крајот на краиштата тоа се наши сонародници. И ако веќе нашата фудбалска репрезентација не можеше да се пласира на Првенството, секако дека ќе навивам за втората другата бугарска репрезентација“, истакна Красимир Каракачанов од ВМРО-БНД.

И новинарот на бугарскиот портал 24 часа Виктор Иванов во видео коментар со наслов „А можевме да ја преземе Македонија со камион кренвиршли Фајзер“ вели дека Македонците се Бугари. Посетата на Заев ја оцени како коленичење, а дека според него и Охрид да го дал како подарок немал да ја добие поддршката за почеток на преговорите со Европската унија. Бугарскиот историчар Ангел Димитров кој е дел од Мешовитата образовно-историска комисија, пак, се пожали дека ништо од Договорот за добрососедство не е исполнето и вината ја префрли на македонска страна. И додека од бугарска страна излегоа со омаловажувања и навреди, премиерот Заев посетата на Софија ја оцени како исчекор во односите и дека се враќа довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img