Saturday, July 31, 2021
HomeБалкан„Дан“: Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески, бидејќи работел против...

„Дан“: Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески, бидејќи работел против Владата

Владата на Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески, објавуваат тамошните медиуми. Според објава во весникот „Дан“ причината која се наведува од црногорската влада е дека Азески се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките власти во Подгорица, презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата.

Како што се наведува, одлуката за отповикување е донесена на последната седница на црногорската влада, а според решението потпишано од премиерот Здравко Кривокапиќ, црногорските медиуми пишуваат дека Министерството за внатрешни работи дошло до сознанија дека Азески во контакти со угледни бизнисмени ,при извршувањето на должноста почесен конзул, ја користел секоја можност да изрази сомнеж за угледот на Црна Гора и за кредибилитетот на нејзините тела.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија се заблагодари за соработката и честа што ја имал како конзул во Црна Гора. Тој во соопштение до медиумите не ги коментира наводите изнесени во црногорските медиуми, дека е отповикан од функцијата поради компромитирање на работата на Владата во Подгорица.

„Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна Гора и посакувам брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит,“ пишува Азески.

Според официјалните податоци, Азески е почесен конзул на Црна Гора во Скопје од 2016 година.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img