Saturday, July 31, 2021
HomeПопуларноИзборниот резултат е уште еден „шамар“ за Макрон

Изборниот резултат е уште еден „шамар“ за Макрон

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон доби, како што кажа една нејзина пратеничка, „шамар по лицето“ на локалните избори одржани вчера, пренесува „Гардијан“.

Претседателот и неговата влада не успеаја да ги мобилизираат гласачите, со што се проценува оти 68 отсто од нив ги бојкотираа изборите, што претставува незабележана стапка на гласачка апстиненција. Аналитичарите наведуваат и дека сите изборни предвидувања пропаднале поради бојкотот.

Единствена утеха за владејачката партија е што партијата Национален фронт на Марин ле Пен не успеа да ја добие поддршката што ја очекуваше. Ле Пен не беше кандидатка, но имаше силно присуство во кампањата.

Првичните резултати покажуваат дека најголеми победници се центро-десничарските партии, вклучувајќи ги Републиканците, кои добија поддршка од 29,3 отсто од гласачите. Националниот фронт доби 19,1 отсто, Социјалистичката партија 16,5 отсто, а се проценува Република во движење (ЛРЕМ) на Макрон освоила 10,9 отсто од гласовите.

Пратеничката од ЛРЕМ, Аурора Берже, кажа дека резултатот е „шамар по лицето“.

На гласањето се бираа нови совети за 14 региони и за 96 департмани. Регионалните совети имаат буџети од милијарди евра кои се наменети за образованието, транспортот и за економскиот развој. Вкупно 15.786 кандидати учествуваа во изборната трка за 4.108 места. Избраните вообичаено добиваат шестгодишен мандат. Кампањата за изборите кои беа одложени за три месеци е специфична и поради превентивните мерки. Вториот круг ќе се одржи в недела.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img