Saturday, July 31, 2021
HomeСпортТурците најавуваат: Газдата на Фенербахче го презема Вардар!?

Турците најавуваат: Газдата на Фенербахче го презема Вардар!?

Сопственикот на Фенербахче, Али Коч планира да го преземе најтрофејниот македонски клуб, пренесоа денеска турските медиуми.

Според нив, богатиот бизнисмен од Истанбул веќе контактирал со претставници на клубот и им понудил неколку модели за соработка. Идејата е Фенербахче во Скопје да ги праќа своите млади фудбалери на афирмација и стекнување сениорско искуство со оглед на тоа што во Фенер не би ја имале потребната минутажа.

Во Турција не постои лига за резервните тимови, а Фенербахче, сепак, сака да ги има младите фудбалери под контрола. Коч подоцна би можел и да го купи Вардар кој оваа сезона испадна од Првата лига и првпат во историјата на самостојна Македонија, ќе игра во понизок ранг.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img