Saturday, July 31, 2021
HomeМакедонијаАхмети: Разговарано е и за промена на грбот и знамето на Македонија,...

Ахмети: Разговарано е и за промена на грбот и знамето на Македонија, а нова химна е само „прашање на време“

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вчера во емисијата „Клан дебата“ откри дека со лидерот на СДСМ и коалиционен партнер Зоран Заев на маса веќе ги ставиле знамето и грбот на Македонија, а нова химна е само прашање на време, објави Република.

– Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви, рече Ахмети.

Во однос на спорот со Бугарија, пак, Ахмети посочи дека не се решава ниту со прес-конференции, ниту со лидерски средби.

– Треба да се седне и да се превземе одговорност, а јас гледам подготвеност кај Зоран Заев да земе одговорност, вели Ахмети.

Смета дека ако отвориме графа во Уставот и за Бугарите како што има за Турците, Србите итн, според него многу ќе го амортизира прашањето со Бугарија.

Ахмети откри и дека планираат соработка со СДСМ на локално ниво за изборите, зошто тоа е во интерес и на двете партии.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img