Saturday, July 31, 2021
HomeБалканМеркел: Убедена сум дека иднината на Западен Балкан лежи во обединета Европа

Меркел: Убедена сум дека иднината на Западен Балкан лежи во обединета Европа

Убедена сум дека иднината на Западен Балкан е во вистинска обединета Европа, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по повод претстојниот виртуелен самит на Берлинскиот процес, закажан за денес, а домаќин е Германија, пренесува Ал Џезира Балканс.

Во видео-пораката, Меркел истакна дека е среќна, иако тоа ќе биде само виртуелен состанок, кој ќе може да ја продолжи соработката со шефовите на држави и влади на Западен Балкан, што беше лансиран во 2014 година, како дел од Берлински процес по иницијатива на Германија.

Практичен придонес кон мирот

Таа истакна дека е постигнато многу од воспоставувањето на Берлинскиот процес, чија цел е да се даде конкретен придонес кон стабилноста во регионот и мирниот дијалог.

– Западен Балкан е непосреден сосед на ЕУ. Тоа е дел од Европа каде раните на војната сè уште не се залечени, а голем број граѓани со германско потекло живеат во Германија. Јасно ми е дека земјите од ЕУ мора да имаат интерес за мирен развој на Западен Балкан. Ние сме одговорни практично да се залагаме за развој во тој дел на Европа – потенцираше Меркел.

Таа рече дека Берлинскиот процес веќе постигна одреден успех и во врска со ова, таа го издвои неодамна основаниот Форум за млади.

Таа истакна дека она што долго време се сметаше за невозможно, конечно е можно, а тоа е размена на студенти од различни религии и етникуми.

– Тоа е практичен придонес кон мирот – подвлече Меркел, додавајќи дека меѓусебното признавање на дипломите, соработката во науката, како и напредокот во инфраструктурните проекти, што се карактеризира со чекори што водат кон зајакнување на прекуграничната размена меѓу граѓаните од регионот и надминување предрасуди.

Уште многу предизвици

– Сето ова ги води земјите од Западен Балкан напред кон заедничката цел за исполнување на условите за членство во ЕУ. Убедена сум дека, порано или подоцна, нивната иднина навистина ќе биде во обединета Европа – нагласи таа.

Таа посочи дека сè уште има многу предизвици на Западен Балкан, дека недовербата и национализмите не исчезнале, а билатералните спорови можат да се разгорат во секој момент, поради што е потребно помирување.

Тоа, вели таа, значи надминување на минатото и правење на се што е можно за идните генерации да живеат во мир.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img