Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Само во Врање се вакцинирани над 10.000 Македонци, Филипче и Заев...

ВМРО-ДПМНЕ: Само во Врање се вакцинирани над 10.000 Македонци, Филипче и Заев да им рефундираат средства

Овие лица плаќале цел живот даноци и здравствено осигурување, за сега во ситуација кога им се загрозени здравјето и животите, да мораат да одат во странство да се вакцинираат и да трошат дополнителни средства за таа цел, обвини партијата на Христијан Мицкоски.

Секој ден нов поразителен податок за катастрофалното менаџирање со ковид кризата од страна на Заев и Филипче, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради неспособната власт, 10.000 македонски граѓани се вакцинираа само во Врање, а вкупната бројка кои спас од ковид-19 најдоа пред се во Србија и соседството надминува 40.000 македонски граѓани. Овие лица плаќале цел живот даноци и здравствено осигурување, за сега во ситуација кога им се загрозени здравјето и животите, да мораат да одат во странство да се вакцинираат и да трошат дополнителни средства за таа цел. Филипче и Заев ги оставија граѓаните на цедило, без вакцини тогаш кога најмногу требаше. Затоа смртноста во Македонија од ковид-19 е огромна и кој знае колку животи ќе се спасеа ако масовната вакцинација почнеше во јануари или февруари. Сега власта ако има барем грам доблест ќе прифати одговорност и ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за рефундирање на средствата на граѓаните кои поради немањето вакцини во Македонија се вакцинираа во странство. Тоа е најмалку што власта може да стори да ја исправи оваа неправда кон оние кои со вакцинирањето во соседството го заштитија своето здравје, здравјето на најблиските и придонесоа за јавното здравје“, се вели во соопштението.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img