Saturday, July 31, 2021
HomeПопуларноНовиот шеф на „Amazon“ ќе добие 200 милиони долари во акции

Новиот шеф на „Amazon“ ќе добие 200 милиони долари во акции

„Amazon.com“ планира да му обезбеди на новиот извршен директор Енди Џеси дополнителни акции во вредност од над 200 милиони долари, кои ќе бидат исплатени за период од десет години, се вели во документ до регулаторните тела кој го испрати компанијата.

„Amazon“ ќе го запише издавањето на 61.000 акции на 5-ти јули, станува јасно од документот. Ова е датумот на кој Џаси ќе го замени Џеф Безос во првата смена на извршниот директор на гигантот за онлајн трговија од нејзиното основање во 1994-та година. На крајот на тргувањето во петокот, овие акции вредеа 214 милиони долари.

Нивната додадена вредност ќе зависи од тоа како се тргува со акциите кога ќе се отплатат во наредните години, што ќе биде поттик за Џеси да ја прошири компанијата, во моментов проценета на 1,77 трилиони долари. Иако „Amazon“ не го откри тајмингот на акциите, во претходните случаи тие не беа обезбедени веднаш.

Според документите, основната плата на Џеси е 175.000 долари. Покрај тоа, тој има 45,3 милиони американски долари претходно од доделени акции што треба да се примат оваа година и 41,5 милиони американски долари акции доделени во 2020-та година.

Просечната годишна плата во „Amazon“ минатата година беше 29.007 американски долари меѓу вработените со полно работно време и со скратено работно време ширум светот, не вклучувајќи го Безос, чија плата беше 81.840 долари. Огромниот удел на основачот во „Amazon“ го направи најбогатиот човек на светот.

Акциите доделени на Џеси се помалку од оние на конкурентските извршни директори во технолошката индустрија. На пример, Сатја Надела од „Microsoft“, имаше акции во вредност од 215 милиони долари за фискалната година до 30-ти јуни 2020-та година, заедно со основната плата од 2,5 милиони долари. Тим Кук од „Apple“ имаше акции во вредност од 281,9 милиони долари, според документите на компанијата за 2021-ва година.

Некои експерти за управување ги критикуваат ваквите шеми на плаќање затоа што тие ги наградуваат раководителите без разлика дали ги постигнуваат корпоративните цели. Давањето акции може да биде посоодветно за стартапи отколку за основани компании како „Amazon“, рече Џон Кофи, директор на Центарот за корпоративно управување во „Columbia Law School“.

„Тоа е малку предвремена награда. Тоа е како да ја освоивте наградата за трка, дури и пред да ја започне трката“, додаде тој.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img