Tuesday, January 25, 2022
HomeСпортПандев, Адеми и Димитриевски ослободени: Засилување доаѓа од младинскиот табор

Пандев, Адеми и Димитриевски ослободени: Засилување доаѓа од младинскиот табор

По остварениот пласман на ЕП, селекторот Ангеловски ќе одмори дел од носителите на играта во А селекцијата на Македонија.

За следните мечеви во Лигата на нации против Естонија и Ерменија, ослободени се капитенот Гранде Горан Пандев, а со него уште и Столе Димитриевски и повредениот Аријан Адеми.

Кај Адеми е проблем обновената повреда, додека со Столе Димитриевски проблемот е што тој мора да одработи суспензија по црвениот картон кој го заработи со Грузија во Скопје.

Местото на овие тројца за споменатите два меча во групата, ќе го заземат Ристо Јанков, Дарко Чурлинов и Тодор Тодоровски.

Македонија по 4 кола е лидер на табелата со 6 бодови, исто колку и Грузија, додека Ерменија има 5 и Естонија последна со два бода.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img