Saturday, July 31, 2021
HomeБалканКурти до Мицотакис: Грција да им се придружи на земјите што го...

Курти до Мицотакис: Грција да им се придружи на земјите што го признаа Косово

Косовскиот премиер е во посета на Атина, каде што по покана од грчкиот премиер учествува на конференцијата на „Економист“.

Грција и Косово треба да ги зајакнат своите меѓусебни односи заради нивната долга заедничка историја, заедничката цел за мир и безбедност на Балканот и нивната заедничка иднина, изјавил косовскиот премиер Албин Курти на средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис во Атина.

Медиумите во Приштина пренесуваат соопштение на косовската влада, во кое се посочува дека Курти му се заблагодарил на Мицотакис за поддршката и конструктивниот однос кон Косово што Грција го покажа, особено во последните месеци, а пред сѐ за „поддршката на визната либерализација за граѓаните на Косово и поддржувањето на пристапот на Косово во меѓународните организации“.

Според соопштението, косовскиот премиер побарал Грција да им се придружи на земјите што ја признаа независноста на Косово.

„На оваа средба премиерот Мицотакис ја потврди заложбата на Грција за унапредување и натамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји, како дел од промовирање на европската перспектива на Западен Балкан“,

се вели во соопштението на косовската влада.
Курти, како што посочуваат косовските медиуми, на покана од Мицотакис отпатувал во Атина за да присуствува на конференцијата на „Економист“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img