Saturday, July 31, 2021
HomeТехнологијаВселенската компанија на милијардерот Безос доби дозвола за лет во вселената

Вселенската компанија на милијардерот Безос доби дозвола за лет во вселената

Ракетата на компанијата на Џеф Безос (57), најбогатиот човек на светот, доби дозвола од американската влада да испраќа луѓе во вселената, вклучувајќи го и сопственикот.

Основачот на Амазон следниот вторник во 9 часот по локално време ќе биде во ракетата „Њу Шепард“ во Западен Тексас, а ќе му се придружи и неговиот брат. Тие ќе летаат во вселената со недудената астронаутка Воли Фанк (82) и победникот на аукцијата кој платил 28 милиони долари за патувањето, објави денес АП.

Тоа ќе биде прво лансирање ракета со патници на компанијата „Blue Origin“, која, како и компанијата „Virgin Galactic“, во сопственост на Ричард Бренсон, планира да започне туристички летови во вселената во наредните месеци.

Ракетата на Безос ќе полета следниот вторник, на 20 јули, на денот кога во 1969 година првиот човек стапнал на Месечината , а ќе одлета на височина од околу 88 километри над Земјата , што се смета за граница на вселената.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img