Tuesday, January 25, 2022
HomeСветЛукашенко не планира да поднесе оставка, ниту да избега и да се...

Лукашенко не планира да поднесе оставка, ниту да избега и да се крие

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека планира да ги објави нацрт-уставните амандмани, и по тој повод рече дека нема да поднесе оставка, ниту дека ќе избега и ќе се крие во случај на опасност.

– Ќе ги објавам сите детали во врска со нацрт-уставните амандмани и за колку дена ќе бидат подготвени и усвоени, рече Лукашенко во интервју за странски медиуми, пренесува ТАСС.

Кога Лукашенко беше прашан од новинар од казахстанската агенција Хабар што ќе се случи ако белорускиот претседател ненадејно реши да поднесе оставка, тој одговори дека „нема намера да ја напушти позицијата” без причина.

– Само ако е неопходно, ќе ја напуштам функцијата претседател. Но, зошто прашувате ненадејно? Што, да речеме, ако ситуацијата е опасна? Не, нема да бегам никаде и да се кријам, додаде Лукашенко.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img