Saturday, July 31, 2021
HomeАвстралијаРеакција од Советот на Македонската Заедница за Грчките притисоци за наше преименување

Реакција од Советот на Македонската Заедница за Грчките притисоци за наше преименување

Советот на Македонската Заедница за Мелбурн и Викторија е принуден да
одговори на длабоко разочарувачките барања во писмото испарено до
Прајминистерот на Австралија од страна на Абстралискиот Хелески Совет, со
цел да ги погазат основните права на Македонците во Австралија.

Писмото е јако навредило за секој македонец, со тоа што ги насловува
македонците со секакви погрдни имиња освем како Македонци. Нивните
барања одат до таму што сакаат да му наложат на секоје македонско правно
лице, поединци, компании и организации да не се именуваат како
македонски.

Ова барање е во согласност со официјалната Грчка државна
реторика. Со овие нивни барања носат странска политика на Австралијска
почва, и го загрозуваат стабилното мултикултурно општество.

Во нашето писмо до Прајминистерот му укажавме дека македонците од
секогаш се разликувале од грците, лингвистики, културно и генетски и дека
од поделбата на Македонската територија со Букурешкиот договор во 1913
година, Грција систематски пробува да го асимилира македонското население
и да присвој се што е македонско од древнина и до денес и да го претстави
како грчко.

Македонците во Република Македонија изразија не согласност за промена на
државното име преку масовен бојкот на референдум, и затоа Преспанскиот
договор се рачуна од секој македонец како нелегитимен и како
велепредавнички.

Австралискиот Хеленски Совет признава во своето писмо дека преспанскиот
договор наиде на огромен отпор и од самите државјани во Грција па исто и
овде во Австралија. Абсурдно е да се предложува прифаќање на
билатерален догобор кој има огромен несогласност од македонците и од
грците и да се бара воведувње во Австралија која нема никава врска со тој
договор.

Во писмото на Советов на Македонската Заедница го потсетивме
Прајминистерот дека Австралија е потписник на Меѓународната Конвенции за
Човечки права каде е загарантирано правото на самоопределување, правото
на етнички, религиозни и јазични малцинства да ја уживаат својата култура,
религија и јазик и да се слободни од секава форма на расна дискриминација.

Сегашнава политика на две Европски држави не смејат да има врска со
правата кој ги уживаме со децении овде во Австралија. Австралиската влада
е должна да ги изпочитува правата на секое малцинство вклучувајки го и
Македонското во тој случај, и да се спречи по секоја цена влијанието од
ваквите назадни ставои од странски држави.

Благоја Макаловски

Претседател на
Советот на Македонската Заедница за Мелбурн и Викторија

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img