Saturday, July 31, 2021
HomeСпортВерстапен лут по трката: Хамилтон се радуваше додека јас бев во болница,...

Верстапен лут по трката: Хамилтон се радуваше додека јас бев во болница, тоа е непочитување

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се јави од болница по судирот кој се случи во првиот круг на трката за Големата награда на Велика Британија.

Холанѓанецот заврши надвор од патеката по судирот со Хамилтон, а потоа и во болница, но се јави и потврди дека нема посериозни повреди. Хамилтон поради судирот е казнет со десет секунди, но сеедно на крајот славеше во трката.

„Најпрво драго ми е што сум добро. Тоа беше голем удар од 51 Г, но се чувствувам се подобро. Секако дека сум разочаран што бев отстранет од патеката на овој начин. Казната која тој ја доби нам не ни помогна на било каков начин и не е праведна за она што Луис го направи на патеката“, изјави Верстапен и додаде:

„Гледав како тој слави и се радува додека јас сум се уште во болница, тоа е непочитување и неспортско однесување, но одиме понатаму“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img