Saturday, July 31, 2021
HomeСпортАлонсо: Очигледно јас сум идиот бидејќи ги почитувам правилата

Алонсо: Очигледно јас сум идиот бидејќи ги почитувам правилата

Фернандо Алонсо, поранешниот двократен шампион во Формула 1 и за многумина еден од најдобрите возачи во историјата на спортот, за шпанска „Марка“ го даде своето видување за настанот на трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун.

За потсетување, главна тема на разговорот по трката беше судирот меѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен. Повеќето навивачи сметаат дека Хамилтон е виновен. Верстапен мораше да се повлече од трката и за малку избегна сериозни повреди, а по трката му приговараше на Хамилтон што славеше додека тој бил во болница.

Алонсон смета дека на многумина им се дозволува премногу.

„Секогаш сум бил фер возач, цела своја кариера. Мислам дека сум еден од ретките кои немаат дамка во својата биографија. Искрено, малку се чувствувам како идиот бидејќи ги следам правилата. Се обидовме да разговараме со челниците на спортот и организаторите на трките кога укажувавме на однесувањата на одредени возачи, но никогаш не преземале ништо. Поради тоа ќе престанам да зборам за она што другите го прават. Очигледно е дека тоа повеќе се исплати“.

„Ако не можеш да ги победиш, придружи им се. Стратегијата кон која се осврнав во првите возења не донесе плод. Сега разбирам дека единственото решение е да почнам да го правам она што го прават и другите, немам друг избор. Очигледно некои работи се дозволени денес. Ова не е преоѓање на темната страна, ова е преоѓање на правилата по кои играат останатите“, заклучи легендарниот возач.

Иако никаде експлицитно не го наведе неговото име, повеќето фанови сметаат дека неговите зборови се упатени кон Хамилтон.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img