Saturday, July 31, 2021
HomeСпортМанчини со провокативна порака: Англичаните не требаше ни да дојдат до финалето

Манчини со провокативна порака: Англичаните не требаше ни да дојдат до финалето

Роберто Манчини ги препороди „Азурите“ и со италијанската фудбалска репрезентација дојде до титулата на Европското првенство. По победата на ЕУРО, италијанскиот стратег откри дека смета дека Англичаните, кои им беа противници на Италијанците во финалето, не ни требало да дојдат до таа фаза.

Тој се осврна и на слабите резултати кои ги забележа Германија на втор голем турнир во низа.

„Искрено не знам што може да направи Германија. Тие за мене се и понатаму се огромна фудбалска нација. Секогаш имаат добра екипа и одлични играчи, како и врвни тренери. Но, секоја екипа мора да го пронајде својот пат, ние бевме на слична точка пред три години“.

„Искрено мислам дека не ни заслужија да испаднат против Англија. Според мене, одиграа одличен натпревар и беа дури и подобрата екипа“, заклучи италијанскиот селектор.

За потсетување, Германија беше елиминирана од Англија во осминафиналето со 2:0.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img