Saturday, July 31, 2021
HomeСпортЗарем повторно? На Баерн Минхен му се повторува случајот Алаба

Зарем повторно? На Баерн Минхен му се повторува случајот Алаба

Баерн Минхен ова лето остана без Давид Алаба, кој како бесплатен играч, летна пред некој ден до Реал Мадрид.

Австрискиот фудбалер реши да ги напушти редовите на германскиот шампион по цели 13 години и да ја прифати понудата на „кралевите“.

Алаба и неговиот агент Пино Захави, долго преговараа со Баерн за можно продолжување на договорот, но сепак не се договорија и на крај, Алаба замина во Мадрид.

Сега по тие стапки може да тргне и Леон Горетцка, чиј што агент бара навистина висока цифра за да го продолжат договорот.

Менаџерот Јорг Нојбауер, за Леон Горетцка верувале или не, побарал 20 милиони евра по сезона, а тоа е нешто за кое Баерн не сака ни да слушне, а не пак да преговара.

Раководството на Баерн според информациите, му понудил само 10 милиони евра по сезона и тоа им била црвената линија, па во следниот период ќе има разрешница.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img