Saturday, July 31, 2021
HomeСпортВан Гал по пет години во голем стил се враќа на тренерската...

Ван Гал по пет години во голем стил се враќа на тренерската сцена

Искусниот фудбалски стратег Луј ван Гал е без работа пет години, а пред три истакна дека официјално заминува во пензија.

Ван Гал последниот ангажман го имаше на клупата на Манчестер Јунајтед, а откако во мај 2016 година доби отказ не беше ангажиран во ниту еден друг клуб, за две години подоцна да замине во пензија.

Меѓутоа, сето тоа сега ќе се промени. Како што стојат работите во моментов, Ван Гал би можел во голем стил да се врати на тренерската сцена по пет години, бидејќи холандските медиуми пишуваат дека тој речиси сигурно ќе биде новиот селектор на Холандија.

69-годишниот стручњак имал разговори со Фудбалската федерација на Холандија и како што пишуваат медиумите во оваа земја, тој прифатил повторно да биде селектор на оваа репрезентација.

Холандија разочара на минатото Европско првенство каде беа елиминирани во осминафиналето од Чешка, а по поразот Франк де Бур си замина од клупата.

Многумина беа изненадени кога се појавија информации дека Ван Гал би можел да се врати на селекторската позиција, но во Фудбалската федерација на Холандија веруваат дека тој во моментов е најдоброто решение.

Ван Гал веќе беше селектор на Холанѓаните од 2000 до 2002 и од 2012 до 2014 година. На СП во 2014 Ван Гал ја водеше Холандија до полуфиналето.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img