Saturday, July 31, 2021
HomeПопуларноСАД и Германија постигнаа важен договор за спорниот руски гасовод

САД и Германија постигнаа важен договор за спорниот руски гасовод

Соединетите Американски Држави и Германија постигнаа вчера договор за рускиот договор Северен тек 2, со што завршија меѓусебните несогласувања за тоа прашање, објави Вашингтон пост.

Според тој договор Германија се сложила да инвестира во инфраструктурата за украинската зелена технологија, а САД се сложиле дека ќе ги прекинат своите напори за блокирање на гасоводот, наведува весникот.

Претходно вчера германската канцеларка Ангела Меркел разговарала преку телефон со рускиот претседател Владимир Путин, а според агенцијата Франс прес, која ги пренесува информациите од Кремљ, двата соговорници разговарале за можно продолжување на договорот на Русија и Украина за транзит на гасот.

„Рускиот претседател и германската канцеларка ја разгледаа можноста за продолжување на договорот меѓу руски Газпром и украински Нафтагаз, кој се однесува на преносот на гасот преку украинската територија по 2024 година“, наведува Кремљ.

Гасоводот Северен тек 2, кој под Балтичкото Море ги поврзува Русија и Германија, веќе долго е спорно прашање во односите на Берлин и Вашингтон.

Германија им се обврзала на САД дека ќе создаде „зелен фонд од милијарда долари“ за „поддршка на енергетската транзиција на Украина“, кој ќе изгуби дел од транзитот на рускиот гас поради идниот гасовод Северен тек 2, пренесува Франс прес повикувајќи се на извори од Вашингтон.

„Германија ќе даде почетна донација од најмалку 150 милиони евра и ќе работи на зголемување на таа обврска во текот на следните неколку години“, кажа извор на новинарите под услов да остане анонимен, за деталите на договорот на Берлин и Вашингтон со кој се надминуваат разликите во ставовите околу гасоводот кој САД долго време се обидуваат да го блокираат.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img