Wednesday, September 29, 2021
HomeАвстралија(ВИДЕО) Сиднеј и Мелбурн протестираат со пароли „Слобода“ и „Вистина“ против ковид...

(ВИДЕО) Сиднеј и Мелбурн протестираат со пароли „Слобода“ и „Вистина“ против ковид мерките

Илјадници луѓе се собраа денеска во Сиднеј, Мелбурн и во другите австралиски градови во знак на протест против рестриктивните мерки воведени поради зголемиот број новозаразени.

Полицијата уапси неколку лица откако демонстрантите ги пробија бариерите и фрлаа пластични шишиња и други предмети кон полицијата.

Во Сиднеј демонстрантите без маски на лицата прошетаа од паркот „Викторија“ до градското собрание во центарот, носејќи пароли на кои пишуваше „Слобода“ и „Вистина“.

Забележливо е големото присуство на полицијата и припадниците на специјалните единици, бидејќи надлежните велат дека станува збор за незаконски протестни активности.

Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека го признава и поддржува правото на слобода на говор и мирно собирање, но дека протестот претставува кршење на одредбите за јавно здравје.

Во последните 24 часа, во оваа земја се регистрирани 163 нови случаи на коронавирус.

Нови рестриктивни мерки се воведени на пошироката територија на Сиднеј и траат веќе четири недели.

Протести имаше и во Мелбурн, каде илјадници демонстранти извикуваа „слобода“.

Во Аделаида се одржа автомобилски протест, а полицијата предупреди дека ќе апси за недозволени активности.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img