Wednesday, September 29, 2021
HomeСпортРазјаснети дилемите, од Јуве се огласија за ситуацијата со Роналдо

Разјаснети дилемите, од Јуве се огласија за ситуацијата со Роналдо

Кристијано Роналдо веќе некое време се поврзува со заминување од Јувентус. Португалецот не успеа да помогне во она за што беше доведен во Торино, а тоа е трофеј во Лигата на шампионите, каде со него во тимот „Старата дама“ најдалеку успеа да стигне до четвртфиналето.

Освен тоа, по враќањето на Алегри се сметаше дека Роналдо дефинитивно ќе си замине, бидејќи искусниот тренер од претходно барал од раководството тој да биде продаден бидејќи го кочи развојот на помладите играчи, пред се Федерико Киеза.

Сепак, Роналдо останува во Јувентус, а тоа го потврди клупскиот директор Павел Недвед. Роналдо во понеделник ќе се приклучи на подготовките на првиот тим.

Роналдо од претходно одлучил да остне во Јувентус и следната сезона и знае дека клубот планира да му понуди нов договор. Актуелниот му истекува следното лето, поради што и започнаа гласините за трансфер, со цел Јуве да не го загуби без обештетување.

Меѓутоа, истото со оглед на годините на Португалецот и онака немаше да биде превисоко, особено ако одлучеше да се врати во Спортинг, како што предвидуваа некои медиуми.

Освен Спортинг, како можни дестинации се споменуваа враќање во Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, односно преселба во ПСЖ.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img