Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаЗаев: ВМРО-ДПМНЕ за 11 години го уништи Охрид – градоначалникот нема да...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ за 11 години го уништи Охрид – градоначалникот нема да се двоуми да ги урне дивоградбите

Поради дивоградбите покрај Охридското езеро, ова туристичко место ризикува да биде ставено на „црната листа“ на УНЕСКО. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО расправа околу статусот на Охридскиот регион, но можат да се забележуваат бројни дилеми. Премиерот Зоран Заев, вели дека она што е уништено во 11 години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, е краток период за да се врати во нормала.

Првиот човек на Охрид, Константин Георгиевски, рече дека нема да се двоуми околу уривањето на бесправно изградените објекти.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО вчера го одложи гласањето за статусот на Охридскиот регион поради немање консензус околу тоа – дали треба да се најде на листата на загрозено светско наследство. Усвојувањето на нацрт-одлуката беше стопирано откако норвешката делегација изрази незадоволство од предложените измени во Босна и Херцеговина, со кои на земјава и на Албанија им се даваат дополнителни две години за да постапат согласно препораките на УНЕСКО, па дури потоа да се донесе одлука дали регионот ќе биде дел од листата – светски, културни и природни богатства во опасност.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img