Wednesday, September 29, 2021
HomeСпортЕдинствена порака на Марота од Интер за ситуацијата со Лукаку

Единствена порака на Марота од Интер за ситуацијата со Лукаку

Во Интер дефинитивно се решени да не го продаваат Ромелу Лукаку, кој сега има статус „недопирлив“.

Деновиве актуелна беше темата за евентуален кам-бек на Белгиецот во Челси, но сега првите луѓе во Интер потврдија дека овој фудбалер е центарот на нивната екипа и нема да биде продаден.

Со оглед на тоа дека во Интер има одредени финансиски проблеми, дел од фановите очекуваа, дури и беше најавувано дека Интер брзо ќе биде распродаден, но сепак, има и „недопирливи“, а Лукаку е еден од нив.

„Од наша страна, ние може да кажеме дека Лукаку апсолутно не е за продажба. Тој е важен играч во нашиот состав, кој оваа сезона ќе биде предводен од Симоне Инѕаги“, порача Бепе Марота.

Со оглед на тоа дека Лукаку има жестока вредност, оваа порака на Марота ги трга настрана сите шпекулации поврзани со белгискиот фудбалер.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img