Wednesday, September 29, 2021
HomeПопуларноСменет премиерот на Тунис, Армијата го опколи парламентот

Сменет премиерот на Тунис, Армијата го опколи парламентот

Тунискиот претседател Каис Саид го замени премиерот Хишам Мешиши и ги замрзна парламентарните активности, по насилните протести поради наглото зголемување на бројот на новоинфицирани со Ковид-19 и економската состојба.

Откако Саид ја прекина работата на парламентот и го разреши Мешиши, по насилните протести предизвикани од наглото зголемување на бројот на новоинфицирани и лошата економска состојба, припадниците на туниската армија ја опколија зградата на парламентот и го спречија претседателот да влезе.

Демонстрантите, кои се судрија со полицијата претходно во неделата, прославија на улиците на главниот град на Тунис, откако доцна синоќа беше објавена одлуката на претседателот.

Саид исто така го укина имунитетот на сите членови на парламентот и најави дека наскоро ќе назначи нов премиер со цел да се врати социјалниот мир во земјата. Користеше посебна уставна мерка што му овозможува да ја преземе извршната власт и да ја замрзне работата на парламентот на неопределено време додека не се овозможи повторно нормално работење на институциите.

„Ја донесовме оваа одлука, која ќе биде на сила сè додека социјалниот мир не се врати во Тунис и додека не ја спасиме земјата“, рече Саид во телевизиско обраќање.

Илјадници се собраа во главниот град на Тунис и другите градови, барајќи од владата да си даде оставка по наглиот пораст на бројот на новоинфицирани со Ковид-19, што ја влошува и онака лошата економска состојба.

Во главниот град, полицијата употреби спреј за бибер против демонстрантите кои фрлаа камења и извикуваа пароли со барање премиерот Хишам Меши да поднесе оставка и да се распушти парламентот.

Според очевидци, стотици луѓе протестирале и во Гафса, Сиди Бузид, Монастир и Набеул. Претежно млади демонстранти извикуваа „Надвор“ и повикаа на распуштање на парламентот и предвремени избори. Демонстрантите во Сус се обидоа да го нападнат локалното седиште на најголемата партија во парламентот, умерениот исламист Енахда. Во Тузеур демонстрантите го запалија седиштето на Енахда.

Тунис повторно воведе мерки за затворање и други ограничувања поради ширењето на вирусот затоа што е меѓу најтешко погодените африкански земји.

Пандемијата дополнително го погоди Тунис, кој се бори да започне економија која е загрозена од револуцијата во 2011 година, кога невработеноста започна да расте.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img