Wednesday, September 29, 2021
HomeСветФранцускиот Парламент ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот

Францускиот Парламент ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот

Францускиот Парламент доцна синоќа ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот, по викендот за време на кој се одржаа протести против таа обврска низ целата земја.

Долниот дом на Парламентот со 156 гласа „за”, 60 „против” и 14 воздржани го усвои текстот за задолжителна санитарна пропусница за влез во ресторани и превоз, како и за задолжителна вакцинација на здравствените работници.

Горниот дом, Сенатот, веќе усвои текст претходно, за кој многумина сметаат дека ја ограничува слободата.

Според усвоениот текст, нема да има отпуштања на лица кои не се согласуваат на задолжителна вакцинација против коронавирусот. Сепак, на тие вработени им се заканува суспензија на плата.

Вакцината е задолжителна за медицинските работници, пожарникарите и оние кои работат со стари лица, додека санитарната пропусница (ковид-пасош), односно доказ за вакцинација, прележан вирус или негативен тест за коронавирус, ќе биде задолжителна за кафулиња, ресторани, саеми и патувања со авион и воз.

За тој текст треба да расправа Уставниот совет на Франција. Во исто време, властите продолжуваат да промовираат вакцинација. Речиси 60 проценти од населението примило едина доза од вакцината против Ковид-19.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img