Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаЗатвор од 6 и пол години за Вељаноски, за Јанакиески и Ристовски...

Затвор од 6 и пол години за Вељаноски, за Јанакиески и Ристовски по 6 години и 3 месеци

За организирање на настаните во Собранието од 27 април, Основниот кривичен суд Скопје обвинетиот Трајко Вељаноски го осудува на казна затвор во траење од 6 и пол години, Јанакиески и Ристовски 6 години и 3 месеци и за Атанасовски казна затвор од траење 6 години. Тие се неправосилно осудени за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Обвинетите Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски се виновни. Тие рече судијата Трпков, заедно со Никола Груевски изготвиле план за да го загрозат уставниот поредок со насилни дејствија.

„Случувањата од 27 април ќе бидат запаметени како настан без преседан кој се одвиваше пред очите на цела Европа и цел свет. На почеток на 2020 година во јануари го примив во работа предметот за настаните од 27 април. Како главен организатор е Груевски но не е обвинет бидејќи не е достапен. Овој предмет го разбрав како предизвик и со него да покажеме дека нашето судство има капацитет да донесе пресуда која ќе ја ценат и повисоките судови”, рече судијата Илија Трпков пред да ја донесе пресудата.

Судијата појасни дека можеби јавноста не била навикнати да се прифаќаат предлози на обвинетите, но единствено само каде во постапка се почитува начелото на еднаквост судот пред се може во една постапка во разумен рок да заврши законита постапка.

Оваа постапка во Основниот кривичен суд се водеше една и пол година во време на пандемија, а судот ги прифати сите предложени докази на одбраната.
Настаните од 27 април, според судијата Трпков се голем удар врз демократијата и оттаму зачудува фактот обвинети лица да се нарекуваат патриоти.

Застапник на обвинението за овој процес е Вилма Русковска.

Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинетите знаеле точно што прават и фрлиле се на една карта со единствена цел да се спречи формирање на влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година.

Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img