Wednesday, September 29, 2021
HomeБалканПретставниците на Република Српска од утре не учествуваат во работата на институциите...

Претставниците на Република Српска од утре не учествуваат во работата на институциите на БиХ

Ситуацијата во Босна и Херцеговина се влошува по одлуката на високиот претставник на меѓународната заедница, Валентин Инцко, да се усвои закон со кој се забранува негирањето на геноцид.

По состанокот на лидерите на партиите од Република Српска, што се одржа по повод законот донесен од Инцко претседателот на Собранието на Република Српска Недељко Чубриловиќ им се обрати на медиумите, изјавувајќи дека политичките претставници на РС нема да учествуваат во институциите од вторник.

„Оваа средба е последица на многу сложената ситуација по одлуката на Инцко и усвојувањето на законот за забрана за негирање на геноцид. Денес имавме состанок на сите партиски лидери во РС, имавме многу конструктивна дискусија и дојдовме до заклучоци“, рече Чубриловиќ.

Тој ги наведе заклучоците донесени на состанокот.

„Ние, претставниците на РС, ги отфрламе наметнатите одлуки на високиот претставник и ги сметаме за неприфатливи;

Нема услови за работа во заеднички институции, Претседателството и Советот на министри;

Ние отфрламе какво било наметнување на ниво на БиХ и отфрламе каква било соработка со високиот претставник“.

Претседателите на партиите од РС се согласија два закона да бидат испратени на постапката како реакција на законот на Инцко, а станува збор за кривични закони.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img