Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаКанческа: Не преговарам за судски предмети кои за мене се неприфатливи

Канческа: Не преговарам за судски предмети кои за мене се неприфатливи

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, не сакаше да го коменитра завршниот збор на нејзниот поранешен колега – министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој го праша обвинителството зошто и Канческа не е опфатена во случајот „Организатори на 27 април“ бидејќи ја има во СМС комуникациите.

– Мислам дека е добро да го прашате Миле Јанкиески, бидејќи сатнува збор за завршни зборви на одбрана, а согласно кривичната постапка, ова од искуство го кажувам, кога се даваат завршни зборови тоа е единствениот момент кога обвинетото лице може да се осврне на целокупната постапка, така што во делот на тие завршни зборови не би сакала да ги коментирам и не знам во која насока се движеле, рече поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска во интеврју за емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 ТВ.

Прашана дали била дел од организацијата на 27 април и дали знаела за упадот, таа рече:

– Во однос на ова прашање мислам дека одговор даде јавниот обвинител којшто го води самиот случај во однос на мене, бидејќи беше поставено такво прашање. Останувам по однос на тоа, рече Канческа.

Таа тврди дека немало пазарење за да гласа за уставните измни во Собранието, а за возврат да добие привилегии за судскиот процес „Тендери“ кој се води против неа.

-Лично гласав по мое убедување, немало никаков притисок, ниту од мојата партија, ниту од страна на СДСМ како позиција во тој момент. Гласав по лично мое споствено убедување и сметав дека конечно треба сите да се издигнеме над партиските ставови кога станува збор, пред се, на државата и кога се одлучува за стратешките приоритети на државата, рече Канческа.

Инаку, судскиот пороцес „Тендери“ што се води против Канческа сега е вратен на почеток, поради пензионирање на судија – поротник. Според ЗКП, со пронема на составот на Советот судии во еден судски предмет тој процес се враќа на самиот почеток, освен ако странките во постапката се согласат само да се прочитаат сите докази изведени досега во суд. Канческа не сакаше да го каже нејзниот став по однос на тоа дали треба да се прочитаат доказите, за да може судскиот процес да продолжи онаму каде што заврши, во фаза на завршни зборови.

– Мораме заедно со адвокатите, со одбраната, јавниот обвинител, се разбира да го почитуваме Законот за кривична постпка. Станува збор, како што рековте, судија – поротник којшто треба да се запозне, има право и треба да се запознае со целиот предмет. Така што законската процедура како и досега ќе си биде испочитувана од наша страна. Ние воопшто не сме виновни, бидјеќи контиунирано сме присутно на самите рочишта. Не сме виновни на тоа дека настанала промена на судија – поротник, рече Канческа.

Според обвинението за случајот „Тендери“, во 2011 година Канческа како министерка и две вработени во Министерството – службените лица второобвинетата Л.Л.Ц. како член на Комисија за јавни набавки и третообвинетата Ј.У. како претседател на Комисијата за јавни набавки, со искористување на своите службени положби и овластувања, при вршење на јавни набавки, како соизвршители прибавиле за економскиот оператор ГТД Б. Ш. АД Ш. корист што се состои од незаконско повластување – фаворизирање за изведување на завршни градежни и градежно-занаетски работи на објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим” во Скопје.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img