Wednesday, September 29, 2021
HomeБалканОфицијално од денес во БиХ забрането негирање геноцид и величење на воени...

Официјално од денес во БиХ забрането негирање геноцид и величење на воени злосторници

Во Босна и Херцеговина од денеска официјално е забрането негирање на геноцид и други воени злосторства, како и величење на воените злосторници.

Измените и дополнувањата на Кривичниот законик на БиХ со кои се пропишуваат овие одредби беа објавени вчера во Службен весник, а Законот денеска стапува во сила.

На 23 јули, високиот претставник во заминување во БиХ Валентин Инцко објави дека ги искористил своите овластувања од Бон и наметнал измени во Кривичниот законик на БиХ.

Политичарите од Република Српска најавија дека нема да ги почитуваат одлуките на Инцко.

Обвинителството на БиХ треба да го спроведе Законот и да ги казни оние кои и понатаму ќе продолжат да негираат геноцид или да слават воени злосторници.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img