Wednesday, September 29, 2021
HomeПопуларно„Гугл“, „Фејсбук“ и „Вашингтон пост“ наложија задолжителна вакцинација за своите вработени

„Гугл“, „Фејсбук“ и „Вашингтон пост“ наложија задолжителна вакцинација за своите вработени

Гугл и Фејсбук ќе бараат од своите вработени да бидат вакцинирани против Ковид-19 пред да се вратат во нивните канцеларии, рекоа двата технолошки гиганти, пренесува Ал Џазира Балканс.

Во својот блог, извршниот директор на Гугл, Сундар Пичаи, изјави дека задолжителната вакцинација ќе важи за канцелариите во САД во наредните недели и може да биде неопходна и на други локации.

„Вакцинацијата е еден од најважните начини да се одржуваме себеси и нашите заедници здрави во наредните месеци“, рече Пичаи.

Кратко по соопштението на Гугл, се надоврза и Фејсбук, од каде наведуваат дека секој што сака да дојде да работи во канцелариите во САД во наредните недели мора да биде вакциниран.

„Како ќе ја спроведеме оваа политика ќе зависи од локалните услови и правила. Ќе имаме процес за оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини или некои други, и ќе го оцениме нашиот пристап во други региони како што се развива ситуацијата “, напиша Лори Голер, една од потпретседателите на Фејсбук.

Засега, други големи технолошки компании, вклучително и Епл и Амазон, одбија да бараат задолжителна вакцинација, додека во Мајкрософт вакцинацијата не е задолжителна, но се препорачува.

Претходно, „Вашингтон пост“ соопшти дека вработените мора да обезбедат доказ дека се вакцинирале против Ковид-19 до средината на септември, доколку сакаат да останат на работа. Исклучоци ќе бидат направени само од медицински и религиозни причини, наведе издавачот Фред Рајан во писмо до вработените.

Добавувачите и гостите на весникот, сопственост на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, исто така ќе бидат примени во редакцијата само со документ за вакцинација.

Новата политика за вакцинација доаѓа во услови на зголемување на случаите Ковид-19 во САД, поради делта варијантата на вирусот.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img