Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаЗаев: Отворен Балкан оди напред; Вучиќ: Фантастична визија; Рама: Ова е иницијатива...

Заев: Отворен Балкан оди напред; Вучиќ: Фантастична визија; Рама: Ова е иницијатива за иднината

Македонскиот премиер Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ одржаа прес-конференција по повод денешниот Економски форум во Скопје, на кој беа потпишани еден договор и два меморандуми меѓу трите земји.

„Отворен балкан оди напред, соработката ќе ја прошириме и на други полиња, значајни за нашите држави, за нашите граѓани и за нашите општества“, рече Заев во обраќањето пред медиумите.

Александар Вучиќ кажа дека оваа визија е фантастична и дека сево ова се прави обичниот граѓанин да живее подобро.

„Ќе бидеме партнер и на Македонија и на Албанија за регионалната стабилност и за подобрување на животите на сите граѓани. Ова е фантастична визија, и мораме до името на нашите граѓани да ги испорачаме резултатите. Ако успееме да го минеме патот до Тирана без ниту една граница и да стигнеме до нашата друга финална дестинација со брзи патишта и брза железница, ќе направиме многу. Го правиме ова обичниот граѓанин да го почувствува напредокот“, изјави Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, пак, се присети на земјотресот во Албанија, и колку на земјата и значеше помошта од Србија и Македонија во тие тешки мигови.

„Кога ќе се сетам на 2019 година и земјотресот во Албанија, се активираа сили за спасување од целиот регион. Дојдоа многу брзо, а меѓу нив имаше и од Србија и од Македонија, Што сфативме во тој трагичен момент? Разбравме колку е битно да не се чувствувате сами и колку е вредно на еден опустошен терен каде што имаше стотици луѓе под рушевени, да имаш повеќе сили на располагање. Денеска ние потпишавме еден договор за да сме заедно во сите околности кога во било каков случај да се најде од некој нашите земји под стресот на природните сили. Ова е душата на оваа иницијатива.“, изјави Рама.

„Ова е движење за иднината. Ова не смее да ги постави граѓаните во улога на заложници. Ние пред да влеземе во овој процес, изгласавме закон за израмнување на статусот на граѓаните од регионот, и да биде ист како тие од Европската Унија“, кажа Рама.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img